Пожар избувна денеска во шумската област на Света Гора. Пожарникарите веднаш отишле на местото во близина на Агиа Ана.
На лице место работат 39 пожарникари, 11 возила, два авиони и два хеликоптери. Според грчките медиуми, монашките ќелии во оваа област се во опасност од пожар.
Пожарот избувнал на недостапно место, а според тврдењата на монасите во таа област, дуваат ветрови, па гаснењето е уште потешко.
– Иако во таа област дуваат силни ветрови, се чини дека ситуацијата е подобрена. Беше околу осум наутро кога дознав. Се започна на непознат начин – велат од испосницата на Агија Ана, која припаѓа на светиот манастир на Големата Лавра.
Пожарот избувна во правец на плажата, а неколку ќелии беа загрозени. Авионите постојано летаат, додека противпожарната бригада и крајбрежната стража се на лице место – потврдуваат властите.