Од прифатниот центар Мориа на грчкиот остров Лезбос, Националната организација за јавно здравје на Грција започнува со вакцинирање за мали сипаници, заушки и рубеола на над 7.000 деца сместени во бегалските кампови во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Масовното вакцинирање ќе се спроведе во 17 кампови и прифатни центри, а започнува со 3000 вакцини во Мориа и продолжува на островите Самос и Лерос.
Дополнително ќе се вакцинираат и над 4.000 деца во останатите кампови во цела Грција.