Грција до семптември ги укинува сите мерки. Невакцинираните ќе можатр слободно да влезат во земјата и без брз негативен тест. Од септември повторно ќе биде воведен брзиот тест, пишува порталот Енимеротико
Од Делфи каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство Танос Плеврис најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летот.
Тоа практично значи дека за невакцинираните нема да бидат потребни тестови. Според министерот за здравство, мерките ќе се однесуваат само за време на летото, но дека повторно ќе ги вратат.
-Не ја игнорираме пандемијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, но подготвени сме за есента и за вакцинацијата, вели министерот.
Според информациите во медиумите оваа одлука ќе стапи на сила од 2 мај.