вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција најверојатно ќе ги отвори рестораните по Велигден

Грција најверојатно ќе ги отвори рестораните по Велигден

Ова го изјави министерот за развој и инвестиции Адонис Георгијадис во интервју за телевизијата Скај.

“Рестораните ќе се отворат, можеби дури и пред туристичката сезона. Верувам дека рестораните ќе можат да се отворат по Велигден ако состојбата со пандемијата непречено се подобри”, рече Георгијадис, пренесува грчката агенција АНА.

Сепак, министерот потенцира дека само градините во рестораните ќе бидат отворени за гости.