Комисијата епидемиолози на грчката Влада и предложи да воведе 30-дневен карантин во целата земја, откри министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас говорејќи вечерва за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Препораката на Комисијата на епидемиолози до Владата е lockdown во целата земја за следниот месец. Премиерот на земјата, ќе излезе утре со соопштенија, очигледно земајќи ја предвид оваа препорака, рече Кикиљас.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со шефот на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, утре напладне ќе излезат со соопштенија за справување со епидемијата, а ќе одговараат и на новинарски прашања.
Во Грција денеска беа регистрирани рекордни 2.646 нови случаи на Ковид-19, а починаа 18 лица. (МИА)