сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција се пишмани: Можно е границата за земјава да не се отвори на 15 јуни, ќе се следи состојбата

Грција се пишмани: Можно е границата за земјава да не се отвори на 15 јуни, ќе се следи состојбата
фотоилустрација

Не се исклучува можноста границата меѓу Грција и Македонија да не биде отворена на 15 јуни, изјави грчкиот државен министер, Јоргос Герапетрис во интервју за радио „Солун“. Тој посочи дека имале навистина отежнувачки индикатори за тоа, поради зголемениот број случаи на коронавирус кај нас.

-Би сакал да потсетам дека додека разговараме не е дозволено поврзување со Македонија до 15 јуни, како што не е дозволено ни со Албанија. Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци. Очигледно ако состојбата продолжи да се влошува ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај, рече Герапетрис.

Во земјава уште не е донесена одлука за отворање на границите на нашата држава со другите земји.