Во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос регистрирани се вкупно 17 позитивни случаи на Ковид-19, по масовните тестирања од Националната организација за јавно здравје на Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Тестирањата започнаа откако минатата седмица беше поврден првиот позитивен случај кај бегалец од Сомалија.
Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ рече дека никој од заболените бегалци и мигранти не е во сериозна состојба.
Паралелно, од вчера во 14-дневен карантин се уште три бегалски кампови во регионот Атика, поради потврдени случаи на Ковид-19. (МИА)