четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција започнува доброволна вакцинација на деца од 15 до 17 години

Грција започнува доброволна вакцинација на деца од 15 до 17 години

Комисијата за вакцинација на Грција даде позитивно мислење за доброволна вакцинација на децата од 15 до 17 години со согласност од родител или старател, а следната седмица ќе биде отворена платформата за закажување термин, соопштија претседателката на комисијата Мариа Теодориду и генералниот секрар во Минстерството за здравство Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Теодориду ги анализираше научните податоци поврзани со вакцинацијата на децата, рече дека безбеден чекон кон нормалност е вакцинацијата на младите и соопшти дека ставот на комисијата е позитивен, а ќе се користат вакцините мРНА (Фајзер и Модерна).

Темисоклеус објасни дека децата на возраст од 15 до 17 години, односно родените по 1 јануари 2006 година, од следната седмица ќе можат да закажат термин, а во понеделник ќе бидат соопштени деталите. ср/