Членовите на иранската група „Татковинска правда” продолжуваат со објавување податоци од кибер-нападите на владини институции и банки во Албанија.
Доцна попладнето на нивната страница се објавени банкарските сметки на правни и физички лица.
– На табелата се прикажани името на субјектот, бројот на сметката, моменталната состојба на пари што ја имаат во банката, како и други податоци, јави „Ора њуз“.
Според истиот извор, тоа што паѓа в очи е сметката на владејачката Социјалистичка партија.