Холандскиот парламент го блокираше отворањето на пристапните преговори на Албанија со Европската унија во пресрет на самитот на ЕУ во следната недела
На тој самит би требало Тирана да добие одобрение за почеток на преговорите за членство.
Повеќе од половина пратеници, 76 од 150 вклучувајќи и пратеници кои ја поддржуваат владата на премиерот Марк Руте го блокираа почетокот на преговорите меѓу Албанија и ЕУ поради сериозна загриженост околу борбата против корупцијата, пренесува порталот Еурактив.
Почетокот на разговорите за членството на Албанија и Македонија во ЕУ го поддржаа социјалдемократите и зелените кои имаат вкупно 33 пратеници. Тие очекуваат дека тие земји ќе работат на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата ако имаат јасна перспектива за членство.
Пратеникот на демохристијаните Мартин ван Хелверт изјави дека Холандија го гледа целото влијание на Русија и Кина на Западен Балкан, но оти нема причина да се прават компромиси околу критериумите за членување.
Еуроактив наведува дека во случајот со Македонија, не е извесно дали на Самитот ќе добие одобрение за почеток на пристапните преговори зашто Австрија може да ја блокира таа одлука.
Советот на ЕУ за општи работи во понеделник и вторник ќе го разгледува почетокот на пристапните преговори на Албанија и Македонија, како и отворањето на нови поглавја во преговорите со Србија.