среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Христос ги опиша последните моменти на убиениот навивач

Христос  ги опиша последните моменти на убиениот навивач

Денеска ќе биде погребот на Михалис Кацурис, навивачот на АЕК кој беше убиен во пресметка со навивачите на Динамо од Загреб, познатите Бед Блу Бојс (БББ). Грчка „Газет“ пишува дека во неговата населба Елефсини владее тага и неверување и додава дека Михалис, кој беше убиен на 29 години, во соседството го паметат како мирен и чесен работник. Во вториот дел од текстот Грците ги објавија изјавите на неговите пријатели, а последните моменти на Михалис за телевизијата „АНТ1“ ги опиша неговиот пријател Христос.

Извини брат, не успеав. Тоа сакам да ти кажам. Трчавме затоа што се обидувавме да избегаме од напаѓачите, а потоа слушнав како Михалис вели дека го избоделе. Крварел изобилно цело време, а со нас беше една девојка.Влеговме во кафулето и заедно седнавме во сепаре.Девојката направи се што можеше да му помогне.Брзата помош не дојде иако многу луѓе ја повикаа.Како што слушнав , полицијата 20 минути не дозволуваше да дојде брзата помош, откри Христос и додаде:
Случајно успеав да најдам приватна амбуланта и го молев човекот да дојде на стадионот, каде што има многу повредени, а мојот пријател умира. Така брзата помош пристигна на местото на злосторството. Михалис никогаш никого не повредил. Тој го сакаше АЕК, тоа беше видливо во секој дел од неговиот живот, сите сме со тебе брат, веќе две ноќи не спиевме, додаде Христос.