Хрватска ќе прими помал број локални жители од Авганистан, потврдија од хрватското министерство за надворешни и европски работи.
Станува збор за персонал, односно локални жители кои работеле за ЕУ и за кои Европската служба за надворешна акција веќе апелираше да не бидат оставени во Авганистан и на тој начин загрозени откако Талибанците ја презедоа власта, пренесува Вечерњи.
Откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан, илјадници бегалци ја напуштаат земјата, а некои земји -членки на ЕУ и САД веќе се приклучија во помагањето да се грижат за луѓето.