Откако Владата го усвои предлогот на текстот на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), пред зградата на извршната власт се случи инцидент меѓу граѓани кои протестираа, јавува подгоричкиот портал ЦДМ.
Тие го блокираа патот пред зградата на Владата, наизменично поминувајќи ја улицата од едната на другата страна.
Тие се обиделе да ја пробијат заштитната ограда, а потоа ја пееле државната химна. Ги вклучиле и сирените за аларм.
Граѓанскиот активист Александар Саша Зековиќ се обидел да упадне во зградата на Владата, но полицијата го спречила во тоа, пишува порталот.