Кога Коста пукал, неговото лице покажувало дека е лут и бесен. Прво пукал кон наставничката, а потоа се свртел и почнал да пука кон учениците. Ова го изјавило момче кое било директен сведок на масакрот и чие име го имало на списокот на Коста.
Момчето детално раскажало што се случило кобното утро.
– Коста беше во дворот, чекаше да заѕвони и потоа влезе во училиштето. Бев во училницата и кога заврши лекцијата влезе Коста. Погледот му беше фиксиран, а неговото лице покажуваше дека е бесен и лут. Прво ја застрела наставничката по историја. Кога таа падна, Коста по случаен избор продолжи да пука кон нас. Сите почнаа да врескаат, некои паднаа на подот додека други скокнаа низ прозорецот. Некои истрчаа од училницата додека Коста ја менуваше рамката на пиштолот, објаснува вознемиреното момче кое инаку му било другар на Коста.
Според неговите зборови, сите пријатели на Коста се на списокот што е пронајден.
– Сите му беа најдобри пријатели. Не разбирам зошто се налути – додава момчето.
Посочува и дека Коста никогаш не добил единица од Иисторијата.
– Не е точно дека имал единица историја. Дури и беше ослободен од тој предмет до крајот на годината, поради успехот што го постигна на натпревари – изјави момчето.
Потсетувајќи се на последните денови пред масакрот, момчето вели дека со Коста бил на кошаркарски тренинг.
-Кога заврши тренингот рече дека тоа му е последен тренинг и дека нема да се врати. Сите мислевме дека се шегува… – вели момчето.