петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Италија се подготвува за почеток на учебната година: „Мораме да ги отвориме училиштата“

Италија се подготвува за почеток на учебната година: „Мораме да ги отвориме училиштата“

Италија се подготвува за почеток на школската година кон средината на септември, вели министерот за здравство Роберто Сперанца.

-За помалку од еден месец мораме да ги отвориме училиштата и факултетите. Тоа зависи од совесното однесување на сите нас, рече Сперанца.

Во уредба потпишана во неделата вечер, министерот нареди да се затворат сите дискотеки и носење маски во јавност помеѓу 18 часот и 06 часот наутро, на места каде има групирања на луѓе.

Во понеделникот преку звучници, полицијата во Рим ги предупредуваа туристите да носат заштитни маски.