Дваесет и девет годишниот Бојан Миловановиќ од Козарска Дубица е прободен со шрафцигер во глава при тепачка меѓу две групи во Бања Лука. Полицијата го уапсила 28-годишниот Горан Билчар од Бања Лука и 27-годишниот Марко Михаиловиќ од Трн поради сомнение дека го усмртиле Миловановиќ.
Пресметката се случила кога дошло до средба меѓу двете групи, а како што раскажале очевидците од околните објкети, во чија близина дошло до тепачка, крватата пресметка следувала после кавга поради сообраќајот.
Другата верзија, според резултатите на истрагата, е дека убиениот Миловановиќ со друштвото прославувал завршување на факултетот на еден пријател, а после тоа свратиле до пекара за нешто да јадат. Тука истовремено се нашле и осомничените Билчар и Михајловиќ и сите биле под дејство на алкохол.
Ним наводно им пречело тоа што Миловановиќ и неговите пријатели потпевнувале пред пекарата, па почнале да им дофрлуваат, по што дошло до кавга, а потоа и тепачка.
Од српското МВР соопштиле дека Миловановиќ во тепачката бил избоден со шрафцигер два пати, прво во врат, а потоа и во слепоочница, после што останал мртов на лице место. Според неофицијални информации, Билчар е осомничен како директен извршувач на убиството.
„Неговите родители се неутешни. Тоа им е син единец“, изјавила познаничка на семејството.