Албанското министерство за финансии и економија објави дека јавниот долг минатата година забележал намалување за 4.221 милиони лека односно за 4,4 отсто споредено со претходната година.
-Според показателите на Министерството за финансии и економија, јавниот долг достигнал 1.378.400 милиони лека, од 1.382.625 милиони во 2021 година. Тоа потврдува дека јавниот долг за првпат бележи намалување од 1995 година, јави државната агенција, АТА.
Јавниот долг во однос на Бруто домашниот производ(БДП) на крајот на 2022 година достигнал 66,97 отсто од БДП, што бележи намалување од 6,2 процентни поени, во однос на претходната година (2021 година), кога состојбата на долгот во однос на БДП изнесувал 73,16 отсто.
Надолниот тренд на нивото на јавниот долг се очекува да се забрза во наредните години и да достигне ниво од 64 отсто од БДП во 2026 година.
Оптимистички се процените и за нивото на економски раст со стапка од 2,6 отсто во 2023 година и се очекува да биде во просек околу 3,9 проценти годишно во следниот среднорочен период 2024-2026 година.