сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

КФОР најави зголемено движење на војниците поради вообичаеното примопредавање на контингентите во Косово

КФОР најави зголемено движење на војниците поради вообичаеното примопредавање на контингентите во Косово

Меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) најавија дека во наредните денови ќе се зголеми движењето на војниците и возилата, поради вообичаената процедура на примопредавање на контингентите.

КФОР во соопштението наведува дека ќе се одржат вежби за тестирање и одржување на оперативните капацитети, со цел да се обезбеди ист степен на обука и подготвеност за сите идни единици на терен.

„Иако овие вежби ќе се изведуваат на начин да се минимизираат нарушувањата и влијанието врз локалното население, можно е да има сообраќаен метеж и видливо движење на војниците“, се вели во соопштението.

Затоа КФОР им препорача на возачите да обрнат посебно внимание доколку се наоѓаат во близина на колона од нивните возила.