понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Кинеска компанија ќе гради индустријски парк крај Белград

Кинеска компанија ќе гради индустријски парк крај Белград

Српскиот министер за финансии Синиша Мали во Пекинг потпиша договор со кинеската компанија ЦРБЦ за изградба на Индустрискиот парк во Борча, крај Белград, соопштија од   Министерството за финансии.

Као што се наведува, Мали изјавил дека паркот ќе биде голем околу 320 хектари и тој би требало да привлече повеќе од 1.000 кинески компании и да отвори околу 10.000 нови работни места.

Тој додаде дека ЦРБЦ ќе инвестира околу 220 милиони евра во овој индустриски парк, и дека ако се земат во предвид сите компании кои ќе дојдат во паркот, вкупната инвестиција ќе изнесува околу две милијарди евра.

Според него, во наредните месеци ќе се дефинира точниот број на компании.

Истоврено во Пекинг, Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ, разговараше со претседателот на “Чајна Ројд-Бриџ Корпорејшн” (ЦРБЦ) Лу Шан за реализацијата на проектите во кои е вклучена оваа компанија во Србија и на подготвката на нови инфраструктурни проекти.

Како што информираа од ова министерството, Михајловиќ и Лу Шан, кој наскоро ќе го посети Белград, се согласиле врз основа на Меморандумот за разбирање за реконструкција на железничката пруга Белград-Ниш, потпишан во јули во Софија, дека двете земји ќе ги интензивираат разговорите за овој проект.

“Модернизацијата на целиот железнички коридор 10 е од стратешко значење за Владата на Србија и затоа е важно да започнеме со разговорите за што е можно побрз почеток на работата на реконструкцијата на делницата од Белград до Ниш, бидејќи тоа е услов да имаме ефикасна железничка врска од Будимпешта до Пиреја” , рече Михајловиќ.