вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Кога најрано ќе може да се оди на одмор во Грција?

Кога најрано ќе може да се оди на одмор во Грција?
фото илустрација

Дури 65 отсто од грчките хотели би можеле да се соочат со банкрот поради пандемијата со коронавирусот.

Се предвидува земјата да загуби милион евра во туризмот поради рестрикциите против ширење на вирусот Ковид-19.

Повеќето хотели се принудени да бидат затворени поради регулативите кои ги донесе грчката влада.

Анкетата која ја спровела грчката хотелска комора покажува дека 65 отсто од хотелиерите рекле оти најверојатно ќе банкротираат, а 18,3 проценти дека банкротот е најверојатен.

Според извештаите на локалните медиуми, загубите во хотелскиот сектор се проценуваат на 4,46 милијарди евра.

Иако Грција се надева дека туристичкиот сектор би можел да продолжи со работа од јуни, многу комапнии и тур-оператори веќе имаат потешкотии за опстанок.

Претседателот на комората Александро Василикос објасни дека туристичкиот пазар ќе се отвори бавно и болно, а и дека многу работи ќе се случат во меѓувреме.

Според него,засега нема информации дека хотелите ќе започнат со работа по пандемијата бидејќи воопшто немаат побарувачка.

Островите како Кос, Крит и Санторини обично се преполни со туристи за време на Велигден, а сега островите ги прекинаа аранжманите во обид да се справат со вирусот.

Доколку хотелите се принудени да ги затворат своите врати, ова е лоша вест за туристите, кои во иднина може да се соочат со поскапо патување во Грција.

Кога има помалку сместување, тоа значи дека побарувачката расте за оние места што се отворени, а тоа значи и повисоки цени.

Експертите веќе предупредуваат дека авионските билети можат да бидат двојно поскапи по рестриктивните мерки доколку авиокомпаниите летаат со полупразни авиони.