вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Коха: 11-годишно девојче силувано од пет мажи во Приштина

Коха: 11-годишно девојче силувано од пет мажи во Приштина

Малолетничката што била силувана од страна на дури пет мажи во Приштина е 11-годишно девојче, изјавија извори од Основното обвинителство во Приштина, пренесува „Коха“.

Случајот се случил во саботата вечерта, а според информациите, во периодот од 17:30 до 00:30 часот било силувано 11-годишно девојче.

По пријавувањето на силувањето во полиција, жртвата била пренесена во безбедна куќа.

Полицијата претходно денеска соопшти дека за овој случај се уапсени двајца осомничени, од кои еден малолетник.