петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Конечно се знае кој е претседател на Република Српска

Конечно се знае кој е претседател на Република Српска

Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина денеска едногласно ги потврди изборните резултати за сите нивоа на власт.

Претседателот на ЦИК, Суад Арнаутовиќ, истакна дека од денеска почнуваат сите рокови за формирање влада.

Според потврдените резултати, претседател на Република Српска е Милорад Додик, а потпретседатели Чамил Дураковиќ од Бошњаци и Давор Прањиќ од Хрвати.

Српски член на Претседателството во следниот четиригодишен мандат ќе бидат Жељка Цвијановиќ, Бошњакот Денис Беќировиќ и Хрватот Жељко Комшиќ.