Актуелната лидерка на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, победи на првите директни избори за нов претседател на левицата со над 80 отсто поддршка. Ова го покажуваат прелиминарните податоци, јави БНТ.
Нинова учествуваше на директните избори за претседател на партијата со уште тројца кандидати – нејзиниот поранешен партиски заменик Кирил Добрев, пратениците Валери Жабљанов и Красимир Јанков. Жабљанов и Јанков повикаа на бојкот на гласањето. Претходно оваа недела, Георги Тодоров се повлече од трката и неговата регистрација беше избришана
Одлуката за директен избор на претседател на партијата беше донесена од Конгресот на БСП во февруари 2017 година, на предлог на самата Корнелија Нинова.
Според правилата, ЦИК на партијата мора да ги објави конечните резултати од гласањето 48 часа по неговото завршување. (MИА)