сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Коронавирусот повторно дивее во Србија, за една недела заразени 1.529 лица

Коронавирусот повторно дивее во Србија, за една недела заразени 1.529 лица

Во Србија во изминатите седум дена се регистрирани 1.529 заболени од коронавирусот, објавено е денеска на веб-страницата kovid19.rs.

Во тој интервал биле тестирани 7.437 лица, се наведува на веб-страницата на Министерството за здравство на Србија, пренесе Бета.

Во Србија е присутна новата варијанта на коронавирусот, соопштија властите на 6 септември, прецизирајќи дека е потврдено присуството на подваријантата омикрон ЕГ.5 наречена Ерис.  (МИА)