среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Косовската полиција нуди 10.000 евра за информација за убиството на Ивановиќ

Косовската полиција нуди 10.000 евра за информација за убиството на Ивановиќ

Полицијата во Косово нуди награда од 10.000 евра за релевантна информација во врска со убиството на Оливер Ивановиќ, пренесува косовскиот портал Коха.нет.

Лидерот на Граѓанската иницијатива, Ивановиќ утрово беше застрелан пред партиското седиште во Косовска Митровица.

Неговото безживотно тело го забележала сосетката која повикала Итна медицинска помош. Ивановиќ бил итно пренесен во Клиничкиот центар каде и покрај обидите за реанимација, докторите можеле само да контатираат смрт.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ убиството на Ивановиќ го окарактеризира како терористички акт нагласувајќи дека Србија кон тоа ќе се однесува токму така, како кон терористички акт.