понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Крик кој никој не го слушнал: Ученикот убиец се поистоветувал со лик од хорор филм со убиства (ФОТО+ВИДЕО)

Крик кој никој не го слушнал: Ученикот убиец се поистоветувал со лик од хорор филм со убиства (ФОТО+ВИДЕО)

Коста К.(13), кој вчера наутро уби осум врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, на социјалните мрежи објавил застрашувачка фотографија.

Во 2020-та година, кога имаше 10 години, Коста на социјалните мрежи објави своја фотографија, која е идентична со насловната фотографија од хорор филмот „The Purge“ (Чистка), во кој некоја замислена влада донесува одлука дека секој може да биде убиен тој ден.

Од неговата објава може да се види дека и тогаш не му била туѓа идејата за убиство.