недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Крвав инцидент во Србија: 13-годишник со нож нападнал и тешко повредил жена и дете

Крвав инцидент во Србија: 13-годишник со нож нападнал и тешко повредил жена и дете

Уште еден малолетник приреди нов крвав инцидент во Србија. Во селото Радоево во општина Нова Црња 13-годишно момче со секира и нож нападнал и тешко повредил жена (57) и нејзиниот малолетен син (17).

Според се уште неофицијални податоци, нападот се случил синоќа.

Малолетникот наводно отишол во домот на повредените и таму ги нападнал. Жената и нејзиниот малолетен син се тешко повредени. Неофицијално, напаѓачот не е во сродство со жртвите.

Нападнатите со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентниот центар Зрењанин, а лекарите се борат за животот на тинејџерот, информираат српските медиуми.