понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ланцет: Населението во Албанија би можело да се преполови до 2.100 година

Ланцет: Населението во Албанија би можело да се преполови до 2.100 година

Населението во Албанија се очекува да се намали на 1,32 милиони жители во 2.100 година, што претставува намалување за 52 отсто во однос на 2017 година, што се заснова на целите за одржлив развој.

Податоците се објавени во студијата на меѓународното научно списание „Ланцет“(The Lancet), кое изготви сценарија за наталитет, смртност, миграција и население за 195 држави и територии од 2017 до 2.100 година.

Студијата ја моделира идната популација, осврнувајќи се на алтернативни сценарија во однос на стапката на наталитет, миграција и морталитет.

„Албанија во 2.100 година се очекува да има наталитет од 1,17 и високата миграција. Нето миграцијата е моделирана врз социо-демографскиот индекс, бруто стапката на раст на населението и смртните случаи од природни непогоди, пренесува агенцијата Балкан веб.

Според истиот извор, во извештајот се проценува и големината на бруто-домашниот производ на секоја земја и територија во референтното сценарио. Дури и во референтното сценарио, населението во Албанија се очекува да се намали на 1,97 милиони жители во 2021 година, што е намалување за околу 30 отсто во однос на 2017 година.