недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Лончар: Во Србија досега се вакцинирале речиси 15.000 македонски граѓани

Лончар: Во Србија досега се вакцинирале речиси 15.000 македонски граѓани
МИА

Во Србија досега против Ковид-19 се вакцинирале нешто под 15.000 државјани на Северна Македонија, информира српскиот министер за здравство Златибор Лончар на денешната заедничка прес-конференција во Белград со македонскиот колега Венко Филипче.

– Најмалку што можеме да направиме за македонските граѓани кои се вакцинираа против КОВИД-19 во Србија е да ја добијат втората доза тука и во најлош случај да бидат ревакцинирани на местото каде што се вакцинирале. Тоа е наш принцип, но секогаш можеме да се договориме да ги отстапиме вакцините за ревакцинација и втората доза да ја добијат во нивната земја ако им е полесно, порача Лончар

Тој нагласи дека имаме нешто помалку од 12 недели да постигне договор за тоа, додавајќи дека и сега додека трае прес-конференцијата некои граѓани на Северна Македонија се вакцинираат во Србија.

– Им излегуваме во пресрет на сите македонски граѓани кои имаат некоја причина да бидат тука и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина заради тоа што сметаме дека овој проблем не може да го реши една држава само во рамките на нејзините граници. Ова е многу поголем проблем и колку ќе им биде подобро на нашите соседи, толку ќе ни биде подобро и на нас. Во секој случај ја продолжуваме соработката и си помагаме едни на други во корист на граѓаните, рече Лончар во одговор на новинарско прашање.

Прашан дали може во Србија да се вакцинираат и македонските граѓани кои немаат постојан престој, рече дека и тоа е можно.

– Граѓаните на Северна Македонија кои имаат желба да дојдат да се вакцинираат во Србија тоа може да го направат само преку порталот е-управа или доколку спроведуваме нови акции. Ако нема никаков друг основ не доаѓајте, им порача Лончар на македонските граѓани.