Министерството за здравство на Бугарија денеска потврди за први случаи на лица заразени со мајмунски сипаници во таа држава.
Станува збор за двајца мажи кои во изминатите две недели биле во Шпанија и Велика Британија. Засега не е познато дека имале контакт со заразени лица.
Минатиот месец, водечки советник на Светската здравствена организација рече дека епидемијата на мајмуни сипаници надвор од Африка веројатно се проширила преку сексуалната активност помеѓу мажи за време на забави во Шпанија и во Белгија.Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт. (МИА)