Метеј Периш (27) ќе биде погребан денес на гробиштата во Сплит, а на тоа место почива и неговиот најдобар пријател Ивор (26) кој трагично настрадал три месеци пред него и тоа пред неговите очи.
-Пред Матеј од тоа друштво настрада и Ивор. Тој беше еден од најдобрите другари на Матеј и загина пред неговите очи. Тоа се случило на 29 септември 2021, само три месеци пред да исчезне Матеј. Двајцата иделе заедно во школо, одраснале заедно и одлично се сложувале и Иво работел на брод исто како Матеј, а судбината сега сака да почиваат еден покрај друг на исто место. Целиот живот го поминале заедно, а сега ќе бидат пак заедно, раскажува нивен пријател.
Тој додава дека на Матеј му било многу тешко по смртта на Ивор.
-Се трудеше да го продолжи животот нормално, го советувавме да оди на психолог, бидејќи го гледаше како другарот му умира, но не можеше да направи ништо. Му даваше вештачко дишење, но не успеа да му помогне, а тоа сигурно оставило трага врз него понатаму и само тој знаел како се чувствува, вели изворот.
Инаку другарот на Матеј загинал со мотор откако двајцата биле во Макарска, а на враќање тој загубил контрола и удрил во банкината, а откако моторот се превртил Ивор паднал и добил фатален удар во главата.