Албанскиот претседател Илир Мета им се обрати на граѓаните на Албанија со повик да му помогнат на „украинскиот народ кој се соочува со рускиот окупатор“ и да го потврдат хуманизмот и човечката солидарност кои се „скапоцени карактеристики на нашата нација“.
Мета пишува дека поради жестоките борби, хуманитарната ситуација во Украина е крајно критична и понизно ги повикува сите да ја следат иницијативата на албанскиот Црвен крст, за собирање помош за поддршка на украинскиот народ.