недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Момче погодено со куршум во глава после караница во Хрватска: Сплитските лекари се борат за неговиот живот (ВИДЕО)

Момче погодено со куршум во глава после караница во Хрватска: Сплитските лекари се борат за неговиот живот (ВИДЕО)

Во вооружен инцидент во Солин близу Сплит денеска попладне е рането момче, а полицијата привела две лица кои се доведуваат во врска со овој инцидент, потврдено е од страна на сплитско- далмациската полиција.

Ранетиот маж бил погоден со куршум во глава, а пренесен е во Клиничката болница во Сплит на лекување.

Пукањето се случило околу 17:20 часот после караница на тројца мажи, пренесуваат хрватските медиуми.

На местото на злосторството излегла полицијата, а за овој инцидент пријавено е и во жупанското обвинителство.