Р.М. (59) од селото Папратиште кај Пожега е уапсен откако ја задавил својата сопруга Љ.М. (59), а убиството кое првично се обидел да го прикрие, подоцна го признал во полиција.
Монструозното злосторство се случило завчера во куќата на оваа брачна двојка кога сопругот со голи раце ја задушил својата жена која долги години боледува од Алцхајмерова болест. Р.М. потоа пријавил дека сопругата му починала од природна смрт.
Меѓутоа на нејзиното тело се забележани рани, па е извршена обдукција која покажала дека Љ.М. починала од последици на задушување. Недолго потоа во Папратиште стигна полицијата и го уапси сопругот – убиец.
Како што наведуваат од МВР, на осомничениот Р.М. по налог на Вишиот јавен обвинител во Ужице му е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде приведен кај обвинител.
-Постојат основи на сомнение дека тој во семејната куќа во Пожега својата сопруга, по вербална расправија, стегајќи и го вратот со раце, ја усмртил, се наведува во соопштението од МВР.