вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

На Балканот само поранешни политичари се осудуваат поради корупција

На Балканот само поранешни политичари се осудуваат поради корупција

Двајца поранешни премиери од Балканот се осудени за корупција во ист месец. Дали тоа значи дека услов корумпиран политичар да одговара е да му истече мандатот, објави денеска Би-Би-Си на српски јазик.

Во текстот се наведува дека поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на 2,5 години затвор, а поранешниот македонски премиер Никола Груевски на две години затвор. Санадер поради воено профитерство, што е прва таква пресуда во историјата на Хрвтаска, додека Груевски е осуден бидејќи примил Мерцедес вреден 600.000 евра.

– Ако на некој политичар му истече мандатот често тоа може да биде услов против него да биде подигнато обвинение, а на крај осуден за корупција, изјави Немања Ненадиќ од „Транспарентност Србија“ за Би-Би-Си на срспки јазик.

Тој додаде дека проблем во Србија е тоа што не се гонат ниту поранешните функционери.

Процеси против висока корупција на Балканот во еден месец:

– 5 октомври 2018: Потврдена затворската казна за поранешниот македонски премиер Никола Груевски

– 21 октомври 2018: Полицијата на Албанија соопшти дека Арбен Чуко, поранешен генерален директор на албанските затвори уапсен е под обвинение за корупција.

– 22 октомври 2018: Поранешниот премиер на Хрватска и претстадел на Хрватска Деморкатска заедница (ХДЗ) Иво

Санадер осуден е за воено профитерство.

– 23 октомври 2018: Од 22 министри во косовската Влада, петмина се под обвиненија за различни кривични дела.
Според Ненадиќ, тоа што двајца премиера се осудени за корупција „не е показател дека некоја држава е покорумпирана од другите, туку е знак дека постои волја и подготвеност државата да се справи со корупцијата, па дури и на највисоко ниво“.

– Поголем проблем е што секогаш станува збор за поранешни политичари, оние кои веќе не се на власт, наведува Ненадиќ.

Тој додава дека во Србија дури ни тоа не се случува.

– Претходните власти ги сочинуваа бројни коалиции па политичарите не смееја на никого да му се спротивстават, бидејќи секогаш ќе оштетат некој коалициски партнер. Сега власта е апсолутна, а пак нема обвиненија, истакнува Ненадиќ.

Тој наведува дека „е тажно што во истражувачките новинарски текстови има многу повеќе докази за подигање обвиненија, но на нив никој не се осврнува“.