Во изминатите 24 часа на грчките острови пристигнале околу 1.000 бегалци и мигранти во над 25 различни случаи, а за дел била потребна интервенција на грчката крајбрежна служба за спасување на лица, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според истите информации, најголем број бегалци и мигранти пристигнале на Лезбос, вкупно 512 во 11 одвоени случаи.
На Хиос стигнале 295 лица, 128 на Самос и 85 на помалите грчки острови во близина на турското крајбрежје, јави дописничката на МИА од Атина.