Во петокот српските цариници на граничниот премин Бачки Брег, спречиле пренос на непријавени девизи во износ од 110.000 евра. Парите биле пронајдени кај 41-годишен српски државјанин кој од Австрија со Мерцедес доаѓал во својата родна земја.
Иако изјавил дека покрај личните ствари и четири столици, со себе носи само износ од 5.000 евра и немало ништо сомнително за првите службеници кои го прегледале неговиот багаж, деталниот преглед утврдил дека во торбичката која ја носел има 110.000 евра, замотани во чорап и ставени во кеса.
На патникот му биле вратени само 10.000 евра, со оглед на тоа дека таа сума пари е дозволениот лимит да се пренеси преку граница без пријавување.