Доктор од Грција објасни како ќе се одвива безболна процедура за тестирање на коронавирусот.
Првиот чартер лет од Србија слета утрово на грчкиот остров Скијатос и тој претставуваше првиот европски чартер кој слетал во Грција.
Авионот беше пречекан и од градоначалникот на Скијатос, полиција и противпожарна служба на островот.
На аеродромот ќе бидат тестирани 60 луѓе дневно, а овие денови ќе добијат и машина за препознавање на коронавирусот и тестовите ќе бидат готови за еден час. Резултатите ќе се добиваат преку мејл.
Ако некој е позитивен тогаш се преместува во Ковид хотелите кои имаат свои плажи и цел нов програм на работа и целовреме медицинска нега. Доколку ситуацијата на некого се влоши тогаш се пренесува во болниците на Скијатос.