четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Надојдената вода од невремето во Грција одвлече возила кон морето (Видео)

Надојдената вода од невремето во Грција одвлече возила кон морето (Видео)

Нестабилното време деновиве донесе обилни врнежи од дожд на целиот Балкан, а најголем проблем има Грција, каде што многу плажи и улици се под вода, која на некои места носеше и автомобили.

Најкритично е на средниот крак Ситонија, каде што се поплавени куќи и други објекти, соопшти противпожарната служба. Во Никити на Ситонија преплавени се патишта, што предизвикало проблеми во сообраќајот, а водата кон морето повлекла и повеќе возила, јави грчката агенција АНА.

Социјалните мрежи се преплавени со снимки и фотографии од катастрофата што ја погоди земјата во екот на туристичката сезона.