Најмалку четири лица загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во Хандлова, Словачка, соопштија денеска локалните власти.
Полицијата соопшти дека пожарот избувнал на петтиот кат од зграда во градот Хандлова и оти околу 150 пожарникари учествувале во евакуацијата.
Повредени се пет лица, од кои три се хоспитализирани.
Причината за пожарот се уште се истражува.