среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Најнови бројки: Околу 2.000 објекти не се проверени по силните земјотреси кои ја тресеа Хрватска

Најнови бројки: Околу 2.000 објекти не се проверени по силните земјотреси кои ја тресеа Хрватска

Поминаа повеќе од пет месеци по земјотресите кои ја погодија Хрватска, односно сисачко-мословачката жупанија, а се уште не се проверени сите оштетени објекти,

Според ажурираните податоци, како што јавуваат хрватските медиуми, од пријавените досега 39.767 оштетени станбени објекти, проверени се 37.743.

Неупотребливи поради надворешни влијанија се 413 објекти, а поради оштетувања 4.218 објекти.

За привремено неупотребливи со потребен детален преглед се означени 3.711 објекти, а како привремено неупотребливи со посебни мерки на итна интервенција се 4.489 објекти.

Употребиви без оштетување се 704 објекти, употребливи без ограничување се 7.293, а употребливи со препорака за постапување се 16.915 проверени станбени објекти.