недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Намалување на границата за кривична одговорност на 12 години, ова се новите мерки кои се предлагаат во Србија

Намалување на границата за кривична одговорност на 12 години, ова се новите мерки кои се предлагаат во Србија

По масакрот во основното училиште во Белград, претседателот Александар Вучиќ предложи одредени мерки.

Вучиќ изјави дека има  232.310 регистрирани пиштоли и револвери во Србија, 361.716 ловечко оружје и 64.658 спортско оружје, а на Владата на Србија и ги предложи неколку мерки.

1. Воведување мораториум за издавање и носење оружје во следните две години

2. Ревизија на сите дозволи за оружје

3. Контрола на начинот на кој лицата кои имаат дозвола – држат оружје

4. Контрола на стрелиштата

5. Пропишување кривична одговорност за лица кои овозможуваат малолетници да поседуваат оружје и други неовластени лица да дојдат до оружје и кои учат малолетници и други неовластени лица да користат огнено оружје

6. Да се ​​намали старосната граница за кривична одговорност на малолетниците од 14 на 12 години, согласно меѓународните и европските стандарди.

7. Заострување на санкциите за непочитување на регулаторните обврски кон давателите на медиумски услуги – вклучувајќи интернет, телевизија, социјални мрежи

8. Да се ​​воведат задолжителни шестмесечни нарко тестови во средните училишта

9. Да се организираат специјални служби и мобилни тимови за врсничко насилство во Центрите за социјална работа кои веднаш би реагирале

10. Забрана на пристап до сајтовите дарк-нет и слични кои даваат совети за тоа како да се изврши убиство, да се набави дрога итн.