понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Напад на хрватски војници во Авганистан, едно лице се бори за живот

Напад на хрватски војници во Авганистан, едно лице се бори за живот

Хрватското министерство за одбрана денес соопшти дека во мисијата во Авганистан дошло во вонреден настан. Медиумите наведуваат дека ранети се тројца војници.

-За жал, утринава се случи напад во Кабул над возило со хрватски војници. Имаме тројца повредени војници, од кои еден е во сериозна состојба и се бори за живот. Другите двајца се тешко повредени, но се надвор од животна опасност, истакна хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ.

Тој објаснил дека војниците се движеле во три возила кон кампот во Лион, кога во нив се забил мотор со бомбаш самоубиец.

-На лице место излегле авганистанските сили кои на нашите повредени војници им пружиле помош, додал министерот.