вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Населението евакуирано: Се преврте цистерна во близина на Ниш

Населението евакуирано: Се преврте цистерна во близина на Ниш

Утрово околу 7 часот евакуирани се жителите на селото Јасеновиќ во близина на Ниш поради превртување на цистерна со амонијак.Минатата недела се превртеа две од 14 цистерни од воз, кои исто така пренесуваа амонијак.

Одлуката за евакуацја на жителите ја донесе Штабот за вонредни ситуации на градот Ниш. Сите жители се известени за мерките и постапките за време на евакуацијата и сите мораат да постапуваат согласно наредбите.

Оние кои немаат каде да престојуваат, ќе бидат сместени во објекти на територијата на градот Ниш.