петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

НАТО испраќа дополнителни сили во Косово

НАТО испраќа дополнителни сили во Косово

НАТО денеска соопшти дека одобрило распоредување дополнителни сили во Косово поради актуелната ситуација.

Алијансата не прецизираше колку нови војници ќе бидат распоредени во Косово, ниту од кои земји..

Ситуацијата на северот на Косово е крајно тензична од 24 септември, кога група вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска. Во нападот загина косовскиот полицаец Африм Буњаку, а во размената на оган што следеше загинаа и тројца Срби.

Косовската полиција утринава изврши претреси во северниот дел на Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток.