среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

НАТО ја предупреди Приштина по набавката на вооружени дронови

НАТО ја предупреди Приштина по набавката на вооружени дронови

Мировните сили предводени од НАТО (КФОР) распореден во поранешната јужна српска покраина Косово ги предупредија во понеделникот албанските власти во Приштина по купувањето на турските вооружени јуришни дронови „Bayraktar“, потсетувајќи ги дека единствено тие се одговорни за косовскиот воздушен простор.

Предупредувањето од командата на КФОР доаѓа ден по веста за набавката на турските беспилотни летала „TB-2 Bayraktar“ за што во неделата извести косовскиот премиер Албин Курти.

„Кога станува збор за употреба на сите видови беспилотни летала и за соодветните ограничувања, па и во врска со TB-2 Bayraktar, командатот на КФОР има главна одговорноста за воздушниот простор над Косово“, се наведува во соопштението.

Курти во неделата на социјалните мрежи објави фотографии на кои со министерот за одбрана и други функционери стои крај беспилотните летала.

„На нашиот воен арсенал ги додадовме дроновите кои ги купивме Турска. Косво сега е посигурно и подеднакво гордо!“, задоволно изјави Албин Курти.

Притоа додае дека неговата влада во последните две години го зголемила бројот на војниците за 80 отсто и буџетот за одбрана за повеќе од 100 отсто. Приштина сака од Косовските безбедносни сили (KSF), лесно вооружеи едници, да ги создаде војска којашто би требало да има 5.000 регуларни и 3.000 резервни војници, на што реагира Белград кој се повикува на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при ОН. Според неа, безбедноста во поранешната спрска јужна покраина Косово и Метохија која во 2008 еднострано прогласи независност ја гарантираа меѓунардоните мировни сили кои ги сочинуваат 4.500 војници на НАТО.

За набавката на дроновите „TB-2 Bayraktar“ беше пишувано многу последните две години откако првпат беа борбено употребени пред две години во краткиот азербејџанско-ерменски судир во Нагорно Карабах, а особено по тоа што Украина ги користеше против руските сили откако изминатите години Киев и има договор за производство и набавки. Според ресурсот Military Balance на Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS) овие летала ги набавиле десетина војски во светот.

Тензиите и натаму се силни на Косово. Изминатите месеци, владата на Курти се соочи со закани од неговите западни сојузници, поради избувнувањето на судирите на косовскиот север доминатно населен со Срби, откако во мај организираше локални избори по кои градоначалници од албанска националност избрани само со одѕив од 3 отсто да ги постави во четирите мнозински српски општини. Србите ги бојкотираа тие избор кои бараат да се формира договорената со посредство на ЕУ Заедница на српските општини (СЗО).

По насилствата во мај во кои беа повредни 30 војници на КФОР и над 50 Срби, со постојани упади и зголемено присуство на косовската специјална полиција на северот, што според Белград е забрането со споменатата резолуција на СБ на ОН, српскиот претседател Александар Вучиќ ја стави армијата во борбена готовност и ги придвижи единиците кон границата.

Претходните месеци српските сили соборија набљудувачки дрон лансиран од косовска територија, а минатиот месец зароби на српска територија тројца косовски полицајци под полно вооружување, кои подоцна по сугестии на странски политичари ги ослободи.

Курти и Вучиќ подоцна оваа седмица треба да се сретнат во Брисел, каде Европската унија ќе продолжи притисок врз двете страни да се намалат тензиите.