среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

НЕ ОСТАВАЈТЕ ПЕШКИРИ И ЧАДОРИ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ! Комуналците во Неа Каликратија и Неа Флогита со багери ги собираат „резервациите“

НЕ ОСТАВАЈТЕ ПЕШКИРИ И ЧАДОРИ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ! Комуналците во Неа Каликратија и Неа Флогита со багери ги собираат „резервациите“

Движењето за ослободување на грчките плажи од узурпација и акциите против „пешкир резевациите“ на јавниот простор актуелно се и на популарните дестинации на Халкидики.

Според информациите објавени на Фејсбук групата „Грчка инфор“ во текот на вчерашниот ден на плажата во Неа Флогита комуналците со багери ја расчистувале плажата и ги собирале пешкирите, лежалките и чадорите оставени на плажата за да „чуваат место“.

Туристите информираат и за слична акција спроведена утрово во Неа Каликратија.

„Општинските власти штотуку ги собраа сите пешкири, чадори и столчиња од плажата каде што нема никој“ – објави еден член на групата.

Според информациите објавени во грчките медиуми, општинските власти во Мудања и Неа Каликратија преку локалните медиуми и социјалните мрежи неколку дена ги предупредувале посетителите да не ги оставаат своите работи на јавните плажи.