Во Албанија официјално е потврдена втора жртва од пожарите, што низ целата земја беснеат во последните две недели.
Станува збор за Татиана Хаџиај (57), која почина денеска во Клиниката за пластична хирургја во Тирана, од здобиените изгореници на 75 отсто од телото пред осум дена, кога во пожар животот го загуби нејзниот сопруг Андреа (65).
Двајцата биле во нивната куќа во селото Асим Зенели, околија Ѓирокастро, кога пламените јазици од пожарите во повеќе места на Лунџери се доближиле до нивниот дом и во обид да го озгаснат огнот во куќата настрадале.
Сопружниците имале два деца, едниот студент во Тирана, додека другиот живеел со нив. Токму тој алармирал откако родителите не одговарале на телефонски повик.
Пожарот освен ова ги зафатил и селата Арши Ленго и Крина, во чие локализирање учествувале и армиски сили.
По трагедијата, по нареба на Министерството за одбрана од ова и селата Арши Ленго и Крина беа евакурани жителите, се до локализирање на пожарите во кои беа вклучени и армиски сили.
Според минстертвото за одбрана за две недели изгаснати се 175 пожари, кои причиниле огромна материјална штета. Во гаснењето на пожарите се вклуени пожарникари и армијата, а помагаат и хеликоптери на Чешка и Холандија, пожарникари и припадници на безбедносните сили на Косово.