вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Невремето „Таља” испушти 9.920 молњи над Грција

Невремето „Таља” испушти 9.920 молњи над Грција

Како и кај нас, така и кај нашите соседи вчера и денес имаше големо невреме. Посебно во Грција најмногу се почувствува.

Па така, во текот на вчерашниот ден, во северозападниот дел на Грција биле регистрирани дури 9.920 молњи од кои речиси 7.000 над морето, според податоците на системот за следење и регистрација на молњи на Националната опсерваторија во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Невремето „Таља” што од вчера ја зафати Грција, резултираше со силни и обилни врнежи од дожд во Јонското море и во северниот дел на земјата.

На островот Крф, за околу 90 минути наврнале 69 милиметри вода.