Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, утре ќе оствари средби и со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
Состаноците и разговорите во Грција, Метју Нимиц, ќе ги започне во 10.30 часот по локално време, со средба со Јоргос Кумуцакос, во хотел во центарот на Атина. Според грчките медиуми, средбата со одговорниот за надворешна политика е по барање на медијаторот.
Три часа подоцна, во 13.30, јавува дописникот на МИА од Атина, специјалниот претставник на ОН ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, а веднаш по состанокот, според официјалното соопштение од грчкото МНР, Никос Коѕијас и Метју Нимиц, разговорите ќе ги продолжат на работен ручек.